Бизнисот се уште има големи проблеми со администарцјата и со политиката. Лани, инспекторите по секоја цена сакале да најдат неправилности кај фирмите за да ги казнат. Сепак, доброто е што помалку казнувале, а повеќе опоменувале. Одвен ова, анкетираните 518 фирми во проектот на УСАИД, навеле и дека се потребни итни реформи за намалување на сивата економија и на корупцијата. Неопходнен е и ефикасен судски систем и транспаретнен и предвлидлив даночен систем.

„Оваа година е назначена како година на економијата од страна на Владата и паралелно со процесот за зачленување во НАТО и пристапните преговори со ЕУ овој факт ќе ги мотивира  претприемачите да ги забрзаат нивните инвестициски планови и да имаме подбар економски раст и развој“, рече Дрилон Исеини, СКСЗМ.

Меѓу забелешките кои што изминатата година ги доставиле до Владата се и подобрување на ефикасноста на даночната администрација, побрзо спроведување на царинските постапки и транспарентен систем на јавни набавки. Од УСАИД велат дека со измени во некои од законите има подобрување во одредени сектори и на бизнис климата.

„Новиот закон за практиканство и за инспекциските надзори и за јавни набавки подготвени врз основа на укажувања од бизнис заедницата  се само дел од законите со кои се покажало дека  кога јавниот сектор е отворен за препораките од бизнисот тогаш регулаторната средина станува поголема поддршка на приватниот сектор“, изјави Гречен Биркл, УСАИД Македонија.

Бизнисмените велат дека лани имало подобрување на правната регулатива кај јавните набавки и кај даночните постапки, но влошување на регулативата во градежништвото и кај царинските постапки. 62% од компании сметаат дека државата недоволно го поддржува бизнисот преку регулативата. Коморите лани доставиле 38  препораки до Владата за подобрување на регулативата.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...