Ладното време и снегот не можат да го „убијат“ новиот коронавирус. Светската здравствена организација, го негира митот дека ниските температури би предизвикале уништување на вирусот објаснувајќи дека за тоа нема научни докази. „Нормалната човечка температура се движи од 36.5 до 37 степени, без разлика на надворешната температура и време, велат од СЗО.

Ова прашање се отвори во јавноста откако за само едно деноноќие буквално како да се сменија две годишни времиња. Вчера сонце, а денеска снег. Во вакви услови, ризикот од ладното време, велат докторите, може да донесе и сезонски вируси со обична кашлица и полесна температура, но тоа не значи дека граѓаните треба да креваат паника и да ги поврзуваат со заразеност со коронавирус.

„Тоа значи дека луѓето можат да го контактираат докторот свој преку телефон за да им биде појасно, докторот во комуникација ќе им објасни. Можно е да се обични вируси. Нас ни е сосема јасно како да работиме да не се плашат пациенти и да не креваат паника“, рече Ирена Витановска – матичен доктор.

Витановска со нејзините колеги – матични доктори, од денеска ќе ги вршат проценките преку систем за идентификација за рано откривање, пополнувајќи алгоритам кој треба да укаже дали сомнителните пациентите треба да бидат тестирани или не. Министерството за здравство веќе им го достави Протоколот како да постапуваат во проценка на нови случаи.

„Ние како матични доктори добивме упатства како да постапуваме во однос на тоа како да разликуваме сезонски грип или корона вирус. Знаеме како упатите да ги трансферираме преку Мој термин, тоа значи дека тие 14 пункта ќе си работат нормално, а ние сме тие што ќе разликуваме дали е обична настинка или корона вирус. Да комуницираат со мене како доктор, бидејќи таа е насоката, јас имам контрола над тоа, се договараме со пациентите и ги смирувам. Нема корона позитивни толку често“, додава Витановска.

Во сите матични ординации, има посебен простор за прием на пациенти, а докторите и сестрите се со основни заштитни маски и ракавици.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...