Во медиумите повторно се појави бизарното интервју кое и претходно крена голема прашина. Станува збор за говорот на Мајкл Џексон за неговата љубов кон децата. Освен тоа, тој говори и за својот менаџер кој будно внимавал на секој негов збор.

Светските медиуми во тоа време беа преплавени со наслови за наводната педофилија на Џексон за која го обвинија дури 14 деца.

За време на интервјуто, водителката Моли Мелдрум го запраша како се чувствува поради се што се пишува за него во медиумите, но во одговорот се вмеша менаџерот на Мајкл кој не му дозволи да каже било што.

„Мене ме растажува тоа што зборуваат за него, а знам дека го растажува и него. Мајкл е погфлегматичен околу тоа. Некои работи кои се пишуваат за него се одвратни, тоа се глупости и невистини“, вели Френк ДиЛео.

Додека пак кралот на поп музиката отворено одговори:

„Ги сакам децата и животните. Затоа и толку сакам да патувам, за да ги видам другите култури, луѓе и деца. Тоа ми е најголема инспирација“, вели Мајкл во интервјуто.

Shpërndaj me