Поради здравствената состојба на германската канцеларка, Ангела Меркел, во редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се разговара околу тоа дали таа би требало да се повлече пред 2021 година, откриваат за Ројтерс извори од ЦДУ.

Меркел третпат е видена како се тресе за време на пречекот на финскиот премиер. Таа вчера, спротивно на протоколот, седеше за време на свечената церемонија со премиерката на Данска во Берлин.

И покрај тоа што 64-годишната Меркел тврди дека се чувствува добро, во нејзината партија се отвора прашањето дали договорот помеѓу неа и нејзината договорена наследничка, Ангрет Крамп-Каренбауер, ќе може да ја дочека 2021 година.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...