Бројот на пријавени случаи на семејно насилство е во пораст. Во 2018 година, пријавите се зголемени за 11% во однос на претходната година. Раст имало и минатата година. За само шест месеци од 2019 година, регистрирани се 767 случаи. Податоците од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, покажуваат дека повеќето жртви се жени, а потоа следат мажи и деца. Процентот на жртви на семејно насилство може да е многу повисок, но честопати случаите не се пријавуваат поради страв. Според Ана Аврамоска Наушкова, од Националната мрежа против семејно насилство, економската несигурност најмногу влијае врз жените да не сакаат да го напуштат насилникот.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, жртви на семејно насилство се сопружниците, мајките, а потоа ќерките. Центрите за социјална работа играат клучна улога во вакви случаи, од кои жртвите честопати, како што велат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, се жалеле за нивна незаинтересираност. Алсат поседува сигурни информации дека такви лица се испраќаат и во Чичино Село, што е центар за засолнување на бездомници, а не на жртви на семејно насилство. Меѓутоа, од Министерството за труд и социјална политика споменуваат шест центри за засолнување на жртвите од семејно насилство, кои се наоѓаат низ целата земја.

Evi Shkopi

Loading...

Shpërndaj me

Loading...