Се очекува Тетовскиот универзитет да го смени статутот, по ултиматумот од Министерството за образование по информациите дека студенти од разни насоки плаќаат по 3000 денари за вршење практична работа. Ова според надлежните е во спротивност со Законот за високо образование и затоа треба да се укине во рок од три месеци. Од Деканатот на Правниот факултет велат дека се уште нема конкретен и официјален чекор, но следните денови се очекува да се регулира ова прашање во согласност со Законот за високо образование.

Ставот на Сенатот е даден. До денес се уште нема промени. Очекуваме овие денови да се среди ова прашање“, велат од Деканатот на Правниот факултет на ДУТ

Во однос на тоа дали на студентите ќе им бидат вратени парите што веќе ги уплатиле, од Деканатот на правниот факултет не одговорија велејќи дека не се надлежни. И покрај обидите на телевизијата Алсат за да добие повеќе информации од раководните органи на Универзитетот, не успеавме да стапиме во контакт со надлежните. Вчера, од Универзитетот го признаа постоењето на таква тарифа и ја оценија како легитимна и предвидена со статутот. Таква тарифа, не се практикува во другите државни универзитети во земјата.

Алсат М

Shpërndaj me