Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов побара од Владата да го преземе долгот од кинескиот кредит за да може да аплицира за нови средства за дополнителни реконструкции и изградба на патишта. Директорот Китанов признава дека кинескиот кредит тежок 600-ни милиони евра го оптоварува функционирањето на Јавното претпријатие и отпочнувањето на нови проекти.

Китанов вели дека ова барање го предложил пред економската тројка на Илинденска, до премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски.

„Тоа би било најелегантното решение, да дел од кинескиот кредит го преземе Владата или Министерството за финансии за да може да се растеретиме и да може повеќе патни правци кои не се од толкава сума, како претпоставка Прилеп – Битола да биде 50 милиони евра, друг треба да биде 16, трет 20 милиони евра, и може на повеќе места да играте“, вели Зоран Китанов, директор на ЈПДП.

Алсат побара одговор од трите кабинети на властите. Портпаролот на Владата, како и лицата одговорни за односи со јавност на Анѓушев не ни дадоа детали од состанокот. Само не препратија одговор да бараме од Министерството за финансии, од каде што ни одговорија дека со ЈПДП имаат одлична соработка и заеднички ги планираат активностите поврзана со патната инфраструктура.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ:

Како што истакна директорот, и МФ цени дека Јавното претпријатие е во стабилна финансиска позиција. Дополнително, сите заеми се гарантирани од страна на државата, а така ќе биде и во иднина. Ова значи дека инвестицискиот циклус кој го почна ЈПДП е финансиски обезбеден и ќе се одвива непречено во иднина.“

Китанов посочи дека мора да се подобри финансиската состојба, иако пари за проектите има.

„Од следната година, веќе ќе почнат за наплата кредити и тогаш нема да биде во добра кондиција Јавното претпријатие за државни патишта. Тоа ако сакате може да го криете од нашата јавност, но меѓутоа кога ќе дојде ЕБОР, или Светска Банка и вие сакате да аплицирате за изградба на некој пат, и ви велат добро кој ќе биде носител, ЈПДП – и ќе ги погледнат перформансите и ви велат дека вие повеќе нема да може да се задолжувате“, додава Китанов.

Китанов тврди дека во касата има пари за рехабилитација на 41 патен правец во земјава кои според него треба да завршат до крајот на јуни годинава. А, во јуни планира да распише тендери за нови 15 реконструкции кои ќе се модернизираат до крајот на годинава.

Што се однесува до автопатското поврзување со Блаце, градежните работи треба набрзо да започнат, а кога ќе биде готов овој пат на него ќе има сигурно една, а може би и две патарини.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me