На нова локација, комплекс ВИП Арена Борис Трајковски од денес па
до 14. октомври ќе се одржува 44. издание на Саем на Мебел 2018.
Повеќе од 70 изложувачи, над 150 брендови, директни странски
учества, на 8000m 2 .

“Посетителите саемот ќе го видат во целост, протиколот на движење
е направен според Икеа систем каде сите потребни нешта за едно
домаќинство, ќе се продаваат по неверојатни саемски попусти” –
изјави Сања Кондарко.

Во рамките на саемот, односно на 10.10.2018 (вторник) од 12 до 14
часот ќе се одржува дебата наменета за стручната јавност, на тема – “Копирањето е опасно – оригиналот е за восхит”.

Билетите се веќе во продажба преку онлајн сервисот мк тикетс и на
билетарата на саемот на Мебел. Билетите купени он-лајн се со
приоритетна брза лента на движење.

Работното време на саемот е секој ден, вклучувајќи го и 11 октомври
од 10 до 20 часот.

Loading...

Shpërndaj me