Се пополнува составот на Комисијата за избор на вработени во АНБ. Како што неофицијално дознава Алсат, дел од комисијата, освен директорот Виктор Димовски ќе бидат и Даниела Ѓошковска Јаковлевска и Бујар Ајрулаи од МВР. Исто така, Комисијата има уште од двајца членови од Полицискиот Синдикат и двајца пратеници. Парламентарната комисија за контрола врз работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање ги предложи Трајчо Димков и Артан Груби, но Груби соопшти дека ја одбива оваа функција поради други обврски. Не се знае кој пратеник ќе го замени Груби. Комисиите треба да го комплетираат кадаровскиот состав на Агенцијата до 20 август а таа треба да почне со работа во септември. Директоро вели дека во тек е постапката за избор на неговиот заменик и обезбедувањето на новите простории.

Агенцијата за национална безбедност ќе има помалку вработени отколку што имаше Упрвата за безбедност и контраразузнавање. Вработените кои нема да ги поминат кадровскиот филтер ќе бидат распределени во МВР или во други институции. Таа  беше формирана како резултат на реформскиот процес во безбедносните служби и е за замена за озлогласената УБК.

Фатлуме Дервиси 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...