Аманда Тиг (46), која лани се омажи за  духот на Џек Спароу, стар наводно 300 години, сега сака да се разведе.

Тврди дека односот со него предизвикувал  неколку пати да заврши во болница заради труење на крвта.

Духот на Џек Спероу (лик од филм толкуван од актерот Џони Деп во филмот “Пирати од Карибите”), наводно го запознала во 2014 година. Таа еднаш и јавно изрази стравување дека е бремена, откако во ТВ емисија тврдеше дека со него имала сексуални контакти.

Инаку, парот се венчаше во меѓународни води, недалеку од брегот на Ирска, а наместо Џек, судбоносното – да го кажа личниот видовник на невестата.

Неполна година подоцна, преку социјалните мрежи, Аманда напиша:

Чувствувам оти е време сите да знаат дека мојот брак е готов!“

Притоа, Аманда навела и дека врската со духовите не е нешто со кое можете туку така да се плеткате.

Сепак, таа не ги открила точните причини за разводот.

Loading...

Shpërndaj me