Младите бизнисмени бараат поголема соработка со државните институции, а особено со Владата. Невладиниот сектор преку истражување на терен и анкетирање на дел од институциите и стопанствениците дојде до сознанија дека потребни се поголеми напори за вклучување на младите во претприемништвото.

Потребно е и зголемување на улогата на приватниот сектор во образованието за претприемништво и зголемување на поддршката на политики што ги подобруваат економските услови за младите од државата.

„Најголемата слабост која ја увидовме е недоволната соработка помеѓу овие три чинители кои ги спомнавме сега, но таа треба да се зголемува сè повеќе и повеќе“, рече Ангел Мојсовски, Институт за европска политика.

„Јас како министер за економија веќе почнав со разговори со факултетите, главно со техничките, имајќи во предвид дека ние како министерство треба да ги отвориме поглавјата со Европската Комисија и сакаме директно да вклучиме млади луѓе кои ќе кореспондираат со европските барања“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...