Термалните бањи кои даваат здравствени услуги поради постоечкиот  Закон за здравствена заштита не можат да работат со Фондот за здравствено, што е на штета на граѓаните. Со измена на два члена во Законот, треба да им се овозможи да функционираат како здравствена организација која врши здравствена дејност, бараат од Стопанската комора.

На почетокот на годината склучиле шестмесечни анекс договори на истечениот петогодоишен договор кој овозможуваше да работат со Фондот за здравстено осигурување и тоа за продолжено болничко лекување и специјалистичко консултатитивна здравствена заштита. Бараат средба со министерот за здравство Венко Филипче.

„Претставниците на бањите укажуваат дека во нивното работење, бидејќи доминираат приходите од здравствени услуги од особено значење е да се надмине овој проблем за осигурениците и пациентите кои ги користат нивните услуги, бидејќи псотои опасност да се блокира и процесот на користење на продолжено болничко лекување“, рече Даниела Михајловска, Стопанска комора на Македонија.

Во 2017 вкупно 2.500 осигуреници го користеле правото на продолжено болничко лекување со престој од 15 дена, а над 14.000 осигуреници користеле специјалистичка консултативна здравствена заштита. Следен чекор како што најавија од Комората е да се регулираат природните бањи како туристички, спа и велнес центри во Законот за туристичка дејност.

„Имавме барање да се регулира нивниот статус и во Законот за туристичка и во Законот за угостителска дејност, но тоа не е се уште е направено. Така што доколку сакаат да примаат туристи ќе мора едниот дел од своите објекти да го дефинираат исклучиво како исклучителни објети за намена на туристи“, додава Михајловска.

Четирите бањи кои што денеска ги изнесоа своите барања  имаат вкупен капацитет од 1.040 кревети или 458 соби. Во 11 месеци минатата година реализирале 101.000 ноќевања и 12.562 туристички ноќевања.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...