На Меѓународниот ден на лицата со попреченост беа упатени критики за нарушувања на правата на децата од оваа категорија. Родителите бараат подобри услови за своите деца. Маргарита Милошевска, мајка на девојче со попреченост бара измени во законските одредби со цел да се зголеми висината на додатоците и тие да започнат да се исплаќаат на 18 години, а не на 26 години како што е во моментов.

Од Канцеларијата на Народниот правобранител го критикуваа неимплементирањето  на новиот закон за основно образование кога станува збор за вклучување на децата со попреченост во редовното образование. Во половина од училиштата во Скопје нема обезбедни услови за вклучување на овие деца.

Забелешки имаа и од Мисијата на ОБСЕ. Според нив, лицата со попреченост и натаму се соочуваат со предизвиците во однос на целосно и еднакво вклучување во нивоата на одлучување и недоволно учество во политиката.

“Девојчињата и жените имаат помала веројатност да ја добијат соодветната здравствена заштита, но исто така имаат помала веројатност да најдат вработување. Жените со попреченост се изложени на поголем ризик да искусат сексуално насилство отколку оние без попреченост. Ние работиме на зајакнување на капацитетите за заштита на овие жени од дискриминација”.

Како резултат на тешката дискриминација врз лицата со попреченост, на 10 декември беше најавен протест пред Владата, кој ќе го организираат родителите на децата со попреченост и разните организации.

Мелихате Рустеми  

Loading...

Shpërndaj me

Loading...