Ланецот маркети за техничка стока Сетек денеска прославува 26 години постоење на македонскиот пазар. По тој повод компанијата организира неколку дневна акција на продажба на своите производи со намалување на цените и до 50 отсто.

Низ целата држава Сетек има 26 дуќани, но нивните производи може да се најдат и кај 200 останати  партнерски друштва. Во компанијата работат 350 лица. Менаџментот на Сетек ги поканува граѓаните да ги посетат продажните места и да се уверат во вистински намалените цени на бела техника, апарати за во домаќинство, телевизори, компјутери.

„Дваесет и шест години се навистина голем период на постоење на македонскиот пазар, и по тој повод „Сетек се од техника“ организира големи попусти на целата гама на производи од техника. Почнувајќи од бела техника, телевизори, мобилни телефони, лаптопи. Попустите се навистина големи кои се движат и до 50 отсто и тие попусти ќе важат од денес до сабота“, рече Дејан Кимовски, директор на Сетек.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...