Едно лице загина, а 10 се повредени во серија експлозии во близина на североисточниот американски град Бостон. Властите соопштија дека станува збор за експлозија на гасоводна линија, што резултирало со појава на пожари во околу 40 домови. Евакуирани се цели населби, а властите соопштија дека жртва од експлозиите е момче кое настрадало откако од детонациите врз неговиот автомобил се урнал оџак.

Гувернерот Чарли Бејкер изјави дека властите ја истражуваат причината за експлозиите, посочувајќи оти е можно да бидат потребни денови или недели за да дојдат до првите одговори.

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com