Холивудската актерка Сандра Булок, годинава наполни 54 години, а деновиве покажа дека нема ниту една брчка на лицето. Фото сесијата е направена за време на нејзиното појавување во Њујорк за премиерата на филмот „Bird box“.

Сандра блеснала во романтичен црвен фустан, но многумина забележале дека нејзиното лице делува неприродно затегнато, односно дека нема ниту една брчка.

Актерката вели дека е ревносен противник на естетските хируршки зафати и оти нејзиниот изглед е резултат на мајката природа. Сепак, многумина не и веруваат и тврдат дека е опседната со филерите.

Ако нејзиното лице го споредите со фотографиите направени во 2005 година, ќе забележите дека пред 13 години таа имала брчки.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...