Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села изрази  револт од исклучувањето на политичките партии на Албанците од преговорите за законот за јавно обвинителство а за неговата партија нема да биде прифатлив договор што ќе биде донесен само меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тој бара Алијансата да се вклучи во преговорите и тие да се одвиваат во стандардниот формат, во кој на нив учествуваат лидерите на четирите најголеми политички партии. Алијансата предлага за корупција да бидат судени сите функционери кои се огрешиле, од 90 година до денеска, да има обвинител странец а СЈО да биде сочувана.

„Нема да прифатиме договор постигнат меѓу двата политички субјекти затоа што ние сме автономен субјект. Ако ДУИ ја застапува таму, не знам дали премиерот или нивниот поранешен партнер, ВМРО-ДПМНЕ, ние со овие два субјекта немаме врска. Правната држава треба да ја градиме заедно а не со калкулирања за амнестија на некој политичар од пред 15 години или на други од актуелната гарнитура“, изјави Зијадин Села, Алијанса за Албанците.

Реагираше и Движењето Беса. Тие бараат да се формира државна комисија за професионализирање на судскиот систем во земјата. Касами ја обвини ДУИ дека со неучеството на оваа средба докажува дека е заеднички именител на двете македонски партии.

„Затоа, сега повеќе од кога било треба да се прифати барањето на Движењето Беса за Државна комисија составено од експерти, на која ќе учествуваат со право на одлучување и САД и ЕУ. Задачата на оваа комисија треба да биде професионализирање на јавното обвинителство, судовите, како и нивното функционирање за да се гарантира воспоставување на правдата и правната држава. Во исто време, оваа Државна комисија треба да го спроведе и процесот на „ВЕТИНГ“, без кој Северна Македонија никогаш нема да може да излезе од транзицијата што нè зафатила од независноста на земјата па се до денес”, рече Билал Касами, Движење БЕСА.

Одговарајќи на прозивките, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, изјави дека ДУИ сега засега нема потреба да учествува на лидерските средби, бидејќи тие имаат исти ставови за законот за обвинителство со својот партнер во Владата.

На лидерската средба која се одржа вчера а траеше до рано утрото освен Зоран Заев и Христијан Мицкоски присуствуваа и членовите на работните групи на двете партии за законот за јавно обвинителство.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...