Во Меѓународната вселенска станица постојат строги правила за секаков вид однесување, што разбирливо со оглед на околностите во кои работат астронаутите.

Нив не им е доволена активност која ја доведува работата во прашање, лична безбедност и безбедност на целата мисија.

Едно од тие правила се однесува на сексот – не е дозволен во ниту едно сценарио кое може да ви падне на памет.

Астронаутите на Меѓународната вселенска заедница живеат на простор од 388 кубни метри, а обично има по 6 астронаути. Така што оваа активност би донела многу непријатности.

Исто така, не е дозволено да се пие алкохол, исклучувајќи ги руските астронаути во 80те години кога имале дозвола за тоа. Сепак, алкохолот може да предизвика неадекватно однесување, а што е уште пострашно влијае на ракувањето со апаратурата и инструментите.

На трето место, сосема неочекувано се наоѓа лебот. Трошките можат да предизвикаат блокада во системот за вентилација на леталото, дури и расипување на инструментите.

Храната која се консумира во вселената се подготвува на посебен начин, има додаток желатин, се со цел да се минимизира нередот и да се доведе до најниско ниво.

Астронаутите не смеат да ја чистат облеката и долната облека. Причината е од техничка природа, бидејќи потрошувачката на вода за таа цел се смета за непотребен трошок. Тие ги поминуваат деновите, дури и месеците во иста облека, а откако ќе се извалка, ја праќаат со останатото ѓубре за Земјата, кое ќе изгори штом навлезат во атмосферата.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...