Атрактивната Русинка, Кинси Волански, која остана запаметена по упадот на теренот за време на финалето од Лигата на шампионите во Мадрид, имала слична намера и минатиот викенд за време на мечот меѓу Бразил и Перу во Рио де Жанеиро.

Волански со нејзиното момче, Виталиј Здоровјецки отпатувале во Рио со идеја да влета полугола на финалето, но обезбедувањето било мошне организирано, па не успеала.

„Имавме одлична идеја, отпатувавме во Рио, се облековме како навивачи и седнавме на своите места. Но, сѐ заврши така што Виталиј го фатија 20 припадници на обезбедувањето. Сега веќе нѐ пуштија од затвор и се шетаме во Рио“, навела Кинси на инстаграм.

Потсетуваме, нејзиното момче во 2014 го прекина финалето на Светското првенство во Бразил.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...