На секое куче без разлика на расата, неговиот сопственик му е целиот негов свет . Ви претставуваме неколку раси на кучиња кои се спремни да направат се за нивните сопственици:

Акита

Цврсто поврзана со сопственикот, а воедно е и многу интелегентна, оваа раса на куче е позната и по своето изразено заштитничко однесување кон сопственикот како и по нејзиниот дом. Претпазлива е со оние кои не ги познава. Ако во својот дом често имате гости, добро размислете дали Акита е правиот избор на куче за вас.

Мастиф
Оваа раса на кучиња е славна по својата бестрашност, а позната е и по жртвувањето на својот живот за сопственикот. Имаат нависнато крзно, што им дава на способност да влезат во двобој со мечка, бик, па дури и со јагуар. Додека се малечки овие кутренца многу е важно да се социјализираат со деца затоа што можат да бидат премногу агресивни кога ќе пораснат. Бидете претпазливи! Оваа раса бара предходно стекнато искуство од страна на сопственикот затоа што припадниците на оваа раса на кучиња знаат да бидат особено доминантни и тврдоглави. Мастиф, е раса само за искусни!

Чау-чау
Оваа раса потекнува од Кина. Препознатлив е по тоа што е чувар на стада овци, а способност има и за да придружува на лов. Нивниот прекрасен изглед предизвикува симпатии кај луѓето, но бидете претпазливи, оваа раса на кучиња се познати по нивната агресија. Затоа, добрата нега и воспитување се добредојдени и неопходни. Се на се, Чау-Чау се одлична раса на кучиња.

Ротвајлер
Оваа раса на кучиња била одгледувана во Римското царство за чување и заштита на стоката. Додека се во опкружување на сопствениците многу се питоми и послушни, а со непознати се заштитнички настроени. Раната дресура и социјализација му се потребни на ротвајлерот за да не дојде до агресивност во подоцнежниот период од неговиот живот. Секој кој има ротвајлер или посакува да има, мора да има на ум дека тоа е многу интелегнтно куче, како и темпераментно. Така што добредојдени му се прошетки.

Бордошка дога

Раса со изразен заштитнички инстинкт кон својот сопственик, спремна да го ризикува својот живот за него. Бордошката дога е многу интелегентна раса на кучиња. Ве уверуваме дека нема да зажалите ако му се посветите уште од најрана возраст, со овозможување на добра дресура како и социјализација. Оваа раса на кучиња безрезервно ја почитуваат и сакаат својата фамилија, своите сопственици. Одлични куќни миленици.

Германски овчар
Најпознат придружник на полицијата како и војската. Во гените им е да го штитат семејството. Многу е важно за оваа раса на кучиња да им се овозможи правилен тренинг, дресура на ниво како и социјализација. Германските овчари не сакаат пасивност, така што секоја активност им е добредојдена.

Булмастиф
Одгледуван е да го заштитува домот, живеалиштето. Тоа значи дека е многу претпазлив кога се во прашање непознати луѓе. Кон своите сопственици е многу пријателски настроен, полн љубов. Многу е важно добро да се одгледува и да се пази при неговата исхрана дур е мало кутре затоа што може подоцна да се јават потешкотии и здравствени проблеми поради неговата големина. Нежната страна на булмастивот е тоа што обожава да се мази и гали.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...