Веќе три децении, активистката за човекови права, Ирмела Менсах Шрам, работи на својата мисија за искоренување на омразата во светот. „Вооружена“ со спреј во повеќе бои, ацетон и шпакла, 71-годишната Шрам секој ден шета по улиците на Берлин и ги покрива нацистичките пораки и расистичките графити.

Од 3 јануари 2007 година отстранив повеќе од 77.500 такви графити. Кога првпат посетив концентрационен логор, бев шокирана. Решив да направам нешто за минатото да не се повтори. Морам да бидам искрена, штом се вратив дома, знаејќи дека сум во состојба да ги избришам овие рабои, повторно се чувствувам добро“, вели Ирмела Менса-Шрам, активистка.

Шрам вели дека нема намера да застане тука зашто чувствува задоволство од оваа своја мисија.

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me

Loading...