Собранието на Косово на денешната пленарната седницаќе расправа за барањето на Демократскиот сојуз на Косово за гласање доверба на владата на премиерот Албин Курти.

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа, изјави дека причините се нарушените односи на Косово и САД поради одбивањето на Курти да ги укине таксите од 100 отсто за увоз на производи од Србија и од Босна и Херцеговина, најавите на американските сенатори за можно повлекување на американската војска од Косово, суспендирањето на програмата на Корпорацијата милениумски предизвик на американската владата, и последно поради смената на министерот за внатрешни работи Агим Велиу.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...