Дел од пратениците од попладнето се во Собранието во исчекување претседателот на законодавниот дом Талат Џафери да ја свика седницата на која треба да се расправа за предлог-законот за јавно обвинителство и за предлог-законот за јавни обвинители.

Пратениците биле повикани да бидат присутни во законодавниот дом во 15 часот кога според некои првични неофицијални информации требаше да почне седницата за двата закона, кои вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

На веб страницата на Собранието се уште нема најава за седницата.

Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, за да може да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.

За законот за Јавно Обвинителство е потребно двотретинско мнозинство.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...