„Зелено светло за Северна Македонија, црвено за Албанија?“- под овој наслов порталот Еурактив на германски јазик објавува широка анализа во пресрет на денешната одлука на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Порталот проценува дека денеска секако нема да биде донесена конечна одлука за отворање на преговорите со двете земји, затоа што се чека гласањето на Бундестагот во Германија. Но, европски дипломати велат дека постои консензус „да се даде зелено светло за Северна Македонија, додека Албанија се бори за согласност од 28-те земји“.

„Македонскиот премиер Зоран Заев може да смета на поддршката на австрискиот комесар Јоханес Хан кој сака да и го отвори патот на балканската земја кон ЕУ.
„Северна Македонија и проширувањето на ЕУ на Балканот се тест за Европа, дали е подготвена да извезува стабилност“, вели Хан во изјава за Ханделсблат.

„Единствено Франција, голем противник на натамошното проширување на Балканот, досега нема конечна позиција. Еден француски дипломат вели дека сака уште малку да размисли дали неговата земја ќе ја следи позицијата на Холандија кон С. Македонија. Што се однесува до Албанија, таквата одлука би била прерана“, објаснува дипломатот./DW

Loading...

Shpërndaj me

Loading...