Северна Кореја го нарече јапонскиот премиер, Шинзо Абе, „морон кој не треба ниту да сонува дека некогаш ќе стапне во таа земја“. Коментарот на националната телевизија, кој изобилувал со навреди следува по острите реакциите од Јапонија на последните ракетни тестови од страна на власта во Пјонгјанг, пренесува Ројтерс.

„Јапонскиот премиер Абе, прави толкава врева околу нашиот лансиран тест-проектил, како да паднала нуклеарна боева глава на јапонско тло, е морон“, пренесува севернокорејската новинска агенција КЦНА, цитирајќи изјава од Сонг Ил Хо, нејзин амбасадор за врски со Јапонија.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...