Да се почитува презумцијата на невиност и да не се носат избрзани заклучоци, ова е коментарот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откако Јавното обвинителство ја прогласи за осомничена и Фросина Ременски од СДСМ во случајот „Рекет“. Во интервју за државната МИА, Спасовски потврдува дека за партиската иднина на пратеничката Ременски допрва ќе се одлучува на „Бихачка“. Неговите очекувања се институциите професионално да си ја завршат работата, а јавноста да ја дознае вистината.

Јас сакам да се почитува нели презумпцијата на невиност, меѓутоа ние мораме на основа на тоа да носиме и соодветни одлуки во рамките на партијата. Така да очекувам дека таа дебата ќе се отвори во партијата. Инаку, јас само очекувам институциите на системот да работат и секој еден којшто учествува не само во овој случај, туку секој еден којшто учествува во криминални активности за што било во кој било случај, во било која институција да мора да ја сноси одговорноста – изјави Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.

А, последните информации за случајот „ Рекет“ велат дека Катица Јанева до понеделник ќе остане во болница, ова за Алсат го потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска. И натаму високиот крвен притисок е причината за хоспитализираноста на екс-шефицата на СЈО. Првичните информации од клиниката Жан Митрев беа дека Јанева е донесена во прединфарктна состојба. Сега таа и тимот од адвокати кои ја бранат ја чекаат судската одлука, дали ќе биде прифатено барањето да оди во домашен притвор. Како гаранција е понуден недвижен имот. А, од четвртокот Катица Јанева е веќе и обвинета во случајот „Рекет“.

Најверојатно ќе ја задржат до понеделник заради дополнителни испитувања. Прво да го примиме обвинението, но секако ќе поднесеме приговор -рече Ирена Фрчкоска, Адвокат на Катица Јанева.

Но, поради празниците и викендов адвокатите на Јанева сè уште не го добиле обвинителниот акт. Во обвинението стои дека поранешната шефица на СЈО се товари дека за слободата на бизнисменот Орце Камчев добила 50 илјади евра во кеш и мебел во вредност од неколку илјади евра. Дополнително, осомничени во истиот случај се и Бојан Јовановски или „Боки 13“ и Зоран Милевски – Кичеец кои за истата цел се стекнале со имотна корист, но од 1,5 милиони евра.

Иле Петрески

Loading...

Shpërndaj me

Loading...