СДСМ и ДУИ ќе се сретнат в понеделник за да го финализираат договорот за социјалните реформи. Како што се дознава досега владините партнерите се договориле од Законот за пензии да се отстрани условот “еден ден работно искуство”, кое, според ДУИ беше проблем главно за пензионерите Албанци. Измените предвидуваат пензија да му следува на секој кој ќе наполни над 65 години и кој не поседува имот од кој би можел да си обезбеди приходи.

„Постигната е заемна спогодба за да се отстранат сите дефиниции кои беа најголем интерес на заедницата што ние ја претставуваме. Веќе нема потреба за дефиниции, да има еден ден работно искуство, со цел да бидат во можност да добијат социјална пензија“, рече Артан Груби, пратеник на ДУИ.

Со новиот предлог се предвидува додатокот за трето дете да може да го добиваат само семејствата кои имаат приходи под минималната плата, а не како што беше до сега, за сите граѓани.

„Ние не се откажавме од додатоците за трето дете. Во предлог – законите кои дојдоа во Парламентот стои додаток за трето дете, но ќе го добијат најранливите социјални категории. За време на дебатата ќе најдеме најдобро решение“, додава Груби.

Семејствата кои имаат приходи над минималната плата во државава ќе имаат можност додатокот да го користат само за покривање на училишните трошоци.

Адриан Керими

Loading...

Shpërndaj me



Loading...