Мерката „Мој ДДВ“ ја вжешти атмосферата меѓу власта и опозицијата. Преку партиски соопштенија СДСМ го брани проектот за скенирање фискални сметки и враќањето 15 отсто од платениот ДДВ на граѓаните. Според СДСМ само за 13 дена, скенирани се два милиона сметки со промет од близу 17 милиони евра.

СДСМ:

Од оваа сума, акумулирана за многу краток период, повратот на пари кај граѓаните изнесува над 260 илјади евра. Апликацијата „Мој ДДВ“ веќе ја инсталирале над 120 илјади граѓани. Со мерката за поврат на 15% од ДДВ околу 50 милиони евра завршуваат кај граѓаните на крајот на годината. За прв пат државата враќа пари назад кај граѓаните. Тоа значи доход плус во семејниот буџет

Опозицијата врати дека половина милион граѓани живеат под прагот на сиромаштија а мерката е замајување на јавноста од која бенефит имаат само најбогатите.

ВМРО – ДПМНЕ:

Граѓаните со оваа мерка може да добијат во просека  156 денари во месецот, односно 1872 денари годишно, што значи  никогаш нема да стигнат до бројката од 30.000 денари која Зоран Заев им ја ветуваше. За да се оствари ветувањето на Заев дека граѓаните ќе добијат 30.0000 денари од поврат на ДДВ и ќе можат да реновираат соба, да исплатат кредит или да одат на одмор потребни ќе бидат дури 16  години, а не една година“

Според владата мерката за враќање 15 отсто од ДДВ на граѓаните, ќе овозможи 50 милиони евра назад кај домаќинствата. За едно лице да врати 600 денари месечно со скенирање бар кодови од фискални сметки, треба да потроши над 26 илјади денари. Според анализата на „Фајнанс Тинк“ само најбогатите семејства кои во годината трошат над 20 илјади евра, ќе вратат од државата на име ДДВ близу 450 евра. Но ако просечно семејство во земјава троши 530 евра месечно за основни потреби, колку што изнесува социјалната потрошувачка кошница, во семејниот буџет годишно ќе врати само 172 евра.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...