СДСМ ги интензивираше преговорите за формирање на предизборни коалиции. Зоран Заев се сретна со лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, за финализирање на можниот договор. Засега не се откриваат детали, но неофицијално се дознава дека двете страни во принцип се договориле за предизборна соработка. Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, вели дека партиските тела работат на формирање на голема коалиција за победа.

Преговорите продолжуваат и со партии од други етнички заедници.

Во меѓувреме, и ВМРО-ДПМНЕ работи на предизборна коалиција. Од партијата на Христијан Мицкоски не кажуваат дали разговараат и со некоја партија од албанскиот политички блок за предизборната коалиција. Само една предизборна коалиција меѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива стана официјална во албанскиот блок. ДУИ останува сама во трката, ДПА допрва треба да соопшти како ќе настапи.

Адријан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...