Владејачката СДСМ преку партиско соопштение реагира на вчерашната прес конференција на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која тој објави дека партијата добила од „свиркач“ документи од истрагата за случајот „Рекет“, кои ќе ги објават ако Обвинителството не ја извршува професионално својата задача.

Во реакцијата од СДСМ стои:

Одамна е јасно дека сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се ставени во одбрана на криминалите на режимот.

Но, Христијан Мицкоски вчера отиде чекор подалеку.

Со својата изјава во која рече дека “можеби имаат материјали од сега нелегално снимени кои можат да бидат индиции”, случајно или не, Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ има материјали за нелегално следење на комуникациите.

Сега станува јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...