СДСМ и понатаму ја обвинува ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот пратеник Илија Димовски за блокирање на реформите во медиумите. Портпаролот на владејачката партија, Костадин Костадинов, изјави дека пратеникот Димовски, како претседател на Комисијата за избор и именување, постојано одбива да закаже седница за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги и за избор на членови на Програмскиот совет на МРТВ. Според Костадинов, ВМРО ДПМНЕ свесно ги блокира медиумските реформи.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...