Тетовските улици стануваат сè поопасни. Повеќето возачи не ги почитуваат правилата. Според полицијата, бројот на сообраќајни прекршоци е зголемен во споредба со минатата година.

“Има околу 1283 прекршоци поради пречекорување на брзината во и надвор од населени места. Констатирани се и 48 сообраќајни несреќи поради несоодветна брзина на улица.За време на контролите откриени се 300 возачи без дозволи “, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

“Токму поради брзото и неконтролирано возење, особено на младите возачи, жителите се принудени да прават препреки на патот за да се намалат ризиците”.

“Не само ноќе, туку и во текот на денот, со брзо возење не загрозуваат, понекогаш влегуваат и во патеката за велосипеди со своите автомобили, тие возат без контрола.Полицијата мора ова да го спречи ова – овие препреки ги поставија жителите токму поради несовесните возачи“.

“Искрено имаме проблем. Поставуваме пречки, бидејќи пребрзо возат.

Од Автошколите за оваа ситуација ги обвинуваат основните училишта кои, според инструкторите, треба да посветат поголемо внимание на сообраќајната култура.

“Сообраќајното образование треба да им се предава во училиштата. Значи, да се даде важност на образованието, сообраќајната етика“, изјави Али Алили, инструктор.
Најголемиот дел од сообраќајните несреќи годинава во кои загинаа шест лица се должат токму на пребрзото возење.

Башким Сулејмани

Loading...

Shpërndaj me

Loading...