Зголемување на минималната плата мора да биде придружено со зголемување на продуктивноста, инаку на среден рок економијата ќе се соочи со намалена продуктивност, порачаа претставниците на Светска банка. Затоа е неопходно внимателно да се анализира и мудро да се донесе одлука за висината на минималната плата.

„Клучната порака е НЕ да НЕ се зголемува минималната плата, туку тоа да се прави на мудар начин. Имајќи ги предвид овие фактори меѓутоа со придружни напори да се зголемат минималните плати, реалните плати со напори за зајакнување на продуктивноста на самата економија…“, рече Марко Мантованели, директор на канцеларијата на Светска банка-Скопје.

Економијата во Македонија, според светските банкари, до крајот на годинава ќе бележи раст од 3,1 проценти со што се ревидира претходно предвидената стапка на раст од 2,9.

„Сè уште најголемиот придонес за растот доаѓа од потрошувачката, а не од инвестициите и не од нето-извозот. Иако извозот расте придонесот на увозот го намалува овој позитивен ефект од зголемениот извоз и на самиот економски раст…“, рече Сања Маџаревиќ- Шујстер, Светска банка.

Дел од препораките на Светска банка на кои власта во земјава мора да внимава се подобар образовен систем, продуцирање на спремни кадри потребни на пазарот на труд, владеење на правото, подобрување на бизнис климата и справување со миграцијата на населението. Ова последното е проблем кој може да долг рок да ù нанесе сериозна штета на домашната економија.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...