Светска Банка продолжува да ги фали владите. Во редовниот економски извештај за земјите од Западен Балкан, Владата на СДСМ, како и владата на ВМРО ДПМНЕ во изминатава деценија, доби позитивни оценки од Светската Банка. За жал, половина милион жители на државава не можат да слушнат колку е добра економијата. Според Светската Банка, која се повика на Обединетите Нации, за две децении се иселиле 25 отсто од населението.

„Овдека за Македонија бројката е прилика околу 25% од популацијата, при тоа што тука имаме тред на зголемување во 90 – тите и 2000 – ти, со мал тренд на намалување до 2000 година, а потоа повторно тренд на зголемување до 2015 година што е скоро историски максимум….. Важно е да се напомене тој тренд на иселување кога заминува висококвалификувана сила“, изјави Бојан Шимбов, економист во канцеларијата на Светска банка во Македонија

Иако лани екномскиот раст беше нула насто, Светската Банка наведе дека е добро што 2017 во Македонија биле отворени 18 илјади нови работни места. Препорачаа да продолжат активните мерки за вработување, но да не се даваат толку пари од Буџетот за оваа намена што е контра проектот „Македонија вработува“ на претходната влада.

Извозот лани растел побрзо од увозот, со што се намалил трговскиот дефицит. Странските инвестиции имале мал пад поради политичката криза, но очекуваат понатамошно стабилизирање. Позитивно е оценето намалувањето на јавниот долг, прв пат после 2008 година. И порачаа на Владата подобро да собира даноци, а и помалку да троши.

„Треба да се анализира како прогресивниот данок ќе влијае на различни групи на луѓе, но генерално Владата оди во добра насока ако се земат во предвид податоците за приходите во буџетот“, вели Марко Мантованели, директор на канцеларијата на Светска банка во Македонија

Клучно за македонската економија според нив е потенцијалното членство во НАТО и преговорите со ЕУ, што ќе овозможи структурни реформи кои би влијаеле на економскиот раст и зголемување на сигурноста на инвеститорите. Светската Банка бара и фискална консолидација и намалување на субвенциите и на јавните трошења.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me