Девет лица го загубиле животот во хеликоптерската несреќа во која загина и поранешната ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант и неговата ќерка, Џиџи. Иако истрагата е во рана фаза, речиси е сигурно дека причина за уривањето била густата магла. Според американските медиуми, хеликоптерот удрил во планина при што избувнал пожар. Во резервоарите имало многу гориво затоа што хеликоптерот летал само 40 минути пред да падне. Од полицијата во Лос Анџелес информираа дека дури и нивните хеликоптери вчера не летале поради густата магла.

„Њујорк Тајмс“ од освои извори дознава дека хеликоптерот во кој бил Коби Брајант требало да кружи дополнителни 15 минути поради големиот број хеликоптери кои планирале да слетаат. Денеска пак, медиумите ги објавија аудио-снимките на возачот на хеликоптерот со контролната кула, од каде неколку го предупредиле дека лека многу ниско. Потоа врската се прекинала.

Во меѓувреме, познати се имињата на жртвите. Покрај Коби Брајант и неговата 13 годишна ќерка, во леталото биле тренерот Мат Маусер, бејзбол-тренерот Џон Алтобели, сопругата Кери и ќерката Алиса. Американските медиуми пишуваат дека на местото на трагедијата биле Сара и Пејтон Честер.

Трагичната вест го потресе светот на спортот. Сочувства стигнаа од тимови како Барселона, Милан, од актуелни и поранешни фудбалери. Раководството на Далас пак, донесе одлука да го повлече дресот со број 24 во чест на Коби Брајант. Тој својата 20 годишна кариера ја помина во Лејкерси каде освои 5 шампионски титули, два пати беше прогласуван за најдобар играч во финалињата, а еднаш за играч на годината во регуларниот дел од сезоната. Настапи во 18 Ол-Стар изданија, а во 2018 година освои Оскар со анимираниот краткометражен филм со името „Драга кошарка“.

Махир Тачи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...