Светската банка смета дека зголемувањето на минималната плата ќе удри по текстилната индустрија. Според нив, иако јавниот долг се зголемува, добро е тоа што парите од задолжувањата Владата не ги троши и ги чува за „црни денови“.

„На почетокот од ланската година владата подигна Еврообврзница. Парите кои ги земаа не ги потрошија, туку се дел од државните резерви, се со цел да се инвестираат за вистинските потреби годинава. Ние ги советуваме малите држави да ги чуваат резервите, да се интервенираат во случај на неповолна економска ситуација“, рече Сања Маџаревиќ – Шујстер, економист во Светска Банка.

Од Светската банка, како да се согласија со германските инвеститори кои на Владата и дадоа оценка нула за посветеноста на економијата, па побараа итни реформи. Од друга страна пак во извештајот не се најде зголемувањето на бројот на административци, иако оваа тема до сега редовно ја анализираа. За нив сега е важно да се подобри услугата која службениците ја даваат на граѓаните.

„Придонесот на растот на вработеноста во јавниот сектор е значителен, и јавната администрација во Македонија може да се класифицира во споредба со други земји дека е на повисоко ниво од просекот во регионот. Треба да се подобрат услугите кон граѓаните и кон бизнисите“, изјави Бојан Шимбов, економист во Светска Банка.

Македонија пак во однос на земјите од регионот бележи најниска продуктивност. Невработеноста се намалува, но половина од работоспособното население со години е неактивно, не бара работа,  ниту посетува некаква обука, ниту пак се едуцира, стои во најновиот извештај на оваа финансиска институција.

За годинава Светска Банка прогнозира дека земјава ќе биде сместена  на дното заедно со Црна Гора по остварениот раст на економијата од само 2,9 отсто. Во подобра позиција се сите останати земји од регионот и се очекува  БиХ да има раст од 3,4 отсто, Србија од 3,5 отсто, Албанија од 3,8 и Косово со 4,4 отсто раст на БДП за 2019 та година.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...