До пред неколку месеци, малкумина имаа слушнато за островот Света Елена, еден од најоддалечените острови во светот. Се наоѓа на 2000 километри од Африка и е британска прекуморска територија каде досега можеше да се стигне само со Royal Mail бродот.

Во октомври, 2017 година, официјално беше пуштен во употреба саботен лет од Јоханесбург, кој патувањето до Света Елена од 5 дена, го намали на 5 часа.

Овој остров е означен како Галапагос на Атлантикот. Тука има густи шуми од папрат, вулкански патишта и карпести брегови кои се дом на 2932 вида живот, од кои 502 се ендемични.

Поголем дел од ендемичните видови, се наоѓаат под брановите, длабоко во водата, причина заради која нуркачките авантури се препорачливи само за искусни нуркачи.

Има точно 20 места за нуркање, а туристите кои не се подготвени за нуркаат, можат да видат делфини, желки и многу други уникатни видови живи суштества. Најголемите кои можат да се сретнат се китови кои мигрираат во период од јуни со декември.

Туристите можат да престојуваат во хотел со 4 ѕвезди во главниот град, Џејмстаун. Таму имаат wi-fi, но конекцијата е се уште ограничена и многу скапа, што пак остава простор на патнциите комплетно да уживаат во убавината околу нив.

Инаку, света Елена е островот кој бил последниот дом на Наполеон Бонапарта. Longwood House, куќата каде што починал денес е музеј за туристи.

Извор: hybread.mk

Shpërndaj me