Свиркачот Ѕвонко Костовски кој заедно со неговиот колега Ѓорѓи Лазаревски ги извадија прислушуваните разговори од УБК, денеска за првпат сведочеше во суд во предметот „Таргет-Тврдина“ за нелегалните прислушувања. Во службата бил од 1993-та година, работна обврска му биле системите за следење на комуникации, но со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ бил деградиран. Појасни дека од првиот систем за следење наречен „Верин“ бил во функција до 2009 година, но паралелно со него од 2008-ма се тестирал и новиот систем „Најс“.

„Имплементацијата на системот одеше тешко и затоа истовремено работеше и стариот систем. Тоа беше со цел да се провери дали новиот систем „Најс“ ги снима исто така разговорите. Имплементацијата на „Најс“ почна кога се инсталираа уредите за следење на мобилната телефонија и тоа за три оператори Т-mobile, VIP и ONE“, рече Ѕвонко Костовски, Сведок во предметот „Таргет-Тврдина“.

Просториите каде што бил сместени системот за прислушување била под еден клуч кој го чувал тогашниот началник Небојша Стајковиќ. Сите вработени во Одделот за оперативна техника се движеле со картици, но во просторијата каде биле лоцирани системите, подоцна само неколкумина можеле да поминат со службена картица. За тоа одлучувал обвинетиот бегалец и екс-началник Горан Грујовски. Костовски наведе и дека директорот на УБК имал можност да ги слуша разговорите.

„За слушање имаше инсталирано компјутери кај сите началници на оддели и кај директорот на Управата. Директорот имаше можност да ги слушне разговорите од двата система, но за началниците не можам точно да се сетам“, вели Ѕвонко Костовски, Сведок во предметот „Таргет-Тврдина“.

Во случајот Тврдина-Таргет обвинети се  бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски, поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска, екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и поранешниот шеф не неговиот кабинет Тони Јакимовски.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...