Советот за безбедност на ОН остро ја осуди новата севернокорејска проба со балистичка ракета над Јапонија, оценувајќи ја како „огромна провокација“, се наведува во декларацијата, која е едногласно одобрена на вонредната седница на Советот зад затворени врати

Станува збор за скандалозни дејствија, нагласува Советот за безбедност и го повика Пјонгјанг веднаш да прекине со такви активности.

– Тие дејствија не претставуваат само опасност за регионот, туку за сите членки на светската организација, се додава во декларацијата, усвоена од сите 15 членки на СБ.

Северна Кореја вчера истрела балистичка ракета со среден дострел, која помина над Јапонија и падна во Тихиот Океан, одговарајќи на тој начин на новите санкции воведени од ОН.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...