Кога ќе ги дознаете здравствените придобивки кои ги носи редовното консумирање на црно чоколадо, веднаш ќе го ставите  на вашиот распоред за храна, бидејќи конечно ќе можете да уживате во овој раскошен вкус.

Но, не се опуштајте премногу, бидејќи не треба да се претерува. Дозволена количина е еден ред чоколадо во текот на денот.

Обично, другите чоколади има големо количество заситени штетни масти, масни киселини, холестерол и шеќер, додека црното чоколадо  содржи какао, мононезаситени масни киселини.

Црното чоколадо, исто така е богато со фитонутринети и флавоноиди кои се заслужни за неговото позитивно влијание.

Одлично е за мозокот, ја подобрува меморијата и концентрацијата. Го намалува крвниот притисок и ја подобрува енергијата. Мастите во какао путерот можат да влијаат на организмот за лачење на ендорфин, хормонот на среќа.

Во секој случај, црното чоколадо е препорачливо за секој човек и не се штедете себеси, денеска дозволете си еден ред задоволство.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...