Ново ветување на раководството на Албанскиот театар дека за две недели градежните зафати на објектот ќе завршат. Само лани, рокот за финиш на санацијата беше три пати надминат. Но и овој пат раководството на театарот има оправдување. Сега проблем биле претседателските избори. Црвена лента нема да се сече за 14 дена – свеченото отварање ќе биде на есен, на почетокот на септември, со премиера.

Пречките беа поради изборите и така натаму. Но, мислам дека се наближува крајот. Постојат ситни работи кои не сме ги завршиле. Не можеме да прецизираме време, може да излезе некоја пречка која треба да се среди – изјави Адем Карага- директор на Албанскиот национален театар.

Лани, првото ветување беше дека објектот ќе биде целосно готов на 31мај, но не беше така. Следниот рок беше 31 октомври. На 31 октомври, дојде и нов рок 31 декември. Ветувањата се нижеа, а 2018 година помина. Пет месеци од последниот рок, работници се уште на објектот..

Петгодишното реконструирање на Албанскиот театар беше под лупа на ревизија на Министерството за култура. Се утврди дека неквалификувани лица ги воделе тендерските постапки. Цената на проектот беше зголемена за милион евра, иако ревизијата утврди дека немало промена во првичниот проект во 2012 година. Анализата покажа дека за санирање на објектот се потпишани договори во висина од 10 милиони и 600 илјада евра. Извештајот, министерството за култура го достави до СЈО, каде веќе се водеше предистражна постапка за реконструкцијата на Албанскиот театар во рамки на истрагата за проектот „Скопје 2014“.

Ја доставивме речиси целата документација која ја бараа од СЈО. Сите документи се таму, тие имаат апсолутно право да ги анализираат и секој евентуален прекршок кои можат да го увидат, ние сме отворени и тука сме. Но, мене лично се уште не ме поканиле на разгово – рече Адем Карага- директор на Албанскиот национален театар.

Реконструкцијата на Албанскиот театар почнаа во 2014 година кога Никола Груевски, Елизабета Канческа – Милевска и Муса Џафери ветија дека овој објект ќе биде готов во септември 2015 година. Но набрзо почнаа проблемите. Во стечај отиде италијанската фирма „Ламоне Мореда“ која го доби тендерот од 8 милиони евра за санирање на објектот. Реконструкцијата ја продолжи фирмата „Шенција“. Проверките на Алсат во италијанскиот централен регистар открија дека компаниите се поврзани меѓу себе и дека директорите на банкротираната „Ламоне Мореда“ се основачи на новата компанија „Шенција“ – фирма на која не може да и се утврди вистинската сопственост.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...