Движењето Самоопределување, партијата која освои најмногу гласови на октомвриските избори на Косово, денеска го предложи лидерот на партијата Албин Курти за мандатар за формирање на новата Влада. Факсимилот од документот го објави приштинската телевизија Клан Косова.

Предлогот за мандатар Самоопределување го достави до претседателот Хашим Тачи, по неколкуте негови повици или да предложат мандатар или да го информираат дека се откажуваат од таа позиција.

Движењето Самоопределување на Курти нема мнозинство во парламентот за да може самостојно да формира влада, а засега нема ниту информации дека повеќемесечните преговори со второпласираниот Демократски сојуз на Косово, дадоа некаков резултат за постизборна коалиција.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...