На секој бизнис му е потребна стабилност за да може да расте и да се проширува. Честата промена на законите кои се поврзани со стопанството имаат негативно влијание.

Освен овие поенти, на почетокот на Самитот Македонија 2025 основачите потенцираа и дека инвестициите, иновациите, образованието, деловното опкружување, животната средина и корупцијата, се  области кои треба да се подобрат за поголем економски раст кој во подобри околности би достигнал и над пет отсто. Од Македонија 2025 пред да биде воведен прогресивниот данок испратиле иницијатива до Владата да не се менува даночната политика со образложение дека тоа прогресивното оданочување може да штети на бизнисите.

„Многу е важна политичката стабилност за земјата и секако треба понекогаш да се размисли дека, кога некој закон што сте го донеле не функционира, треба да бидете храбри и им аплаудирам на Владата што ја повлече одлуката што претходно ја донесе“, рече Мајк Зафировски.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...