Европската Унија останува најголем партнер на целиот Западен Балкан, а интеграцијата на земјите од овој регион за ЕУ е најголем приоритет. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој рече дека на самитот на Европската комисија ќе се усвојат донесат одлуки за проширувањето бидејќи земјите аспиранти постигнале успех и напредок.

„Не гледам друга иднина за Западен Балкан освен ЕУ. Нема план Б. Западен Балкан е интегрален дел од ЕУ и тие припаѓаат на нашата заедница. Конкретни одлуки треба да очекувате во јуни“, рече Доналд Туск, претседател на Советот на Европа

Не сакајќи да го коментира прашањето за името, претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани изрази поддршка за Македонија, но истакна дека има уште многу работа до членството во ЕУ. Според него, има можност Србија и Црна Гора да станат членки до 2025 година.

„Многу треба да работиме со поранешната југословенска Република Македонија и со Албанија. Дијалогот е отворен, но треба да работиме многу за да дојдат до позициите на Србија и Црна Гора“, истакна Антонио Тајани, претседател на Европскиот парламент

Домаќинот на самитот, бугарскиот премиер, Бојко Борисов рече дека ЕУ не треба да се плаши од проширувањето со овој регион кој по економијата е колку Словачка, а по бројот на население колку Романија.

„Единствениот резултат на ЕУ е дека сме обединети и вчера наутро сфатив дека моќта на ЕУ е во обединувањето. Среќен сум за бројните договори кои беа потпишани со Западен Балкан“, рече Бојко Борисов, премиер на Бугарија

Преку заедничка изјава ЕУ и земјите од Западен Балкан на самитот во Софија ги потврдија заложбите и одлучноста за европска иднина на регионот. ЕУ ќе ги поддржи заложбите на овие држави за поголемо зајакнување на добрососедските односи, регионалната стабилност и меѓусебната соработка.

Анеса Салиу

Shpërndaj me