Италијанскиот заменик-премиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, денеска предупреди дека хаосот во Либија започнат по офанзивата на генералот Хафтар, го зголемува ризикот од присуство на терористи на мигрантските бродови што од северна Африка се упатуваат кон Италија, пренесува Ројтерс.

„Исламската терористичка инфилтрација повеќе не е закана, таа е извесност: заради тоа, моја должност е да повторам дека пристанувањето на бродовите нема да биде дозволено на брегот на Италија“, изјавил Салвини.

Loading...

Shpërndaj me