Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, соопшти дека почнало повлекување на американските сили од сириска територија, каде турската армија ќе започне офанзива за создавање безбедносна зона.

„По синоќешниот разговор (со претседателот на САД, Доналд Трамп), почна процес на повлекување (на американските сили), како што вети претседателот“, изјавил Ердоган.

Претходно, Белата куќа соопшти дека Пентагон нема да учествува во воената операција што Анкара настојува да ја изврши во северна Сирија.

Турската влада веќе неколку месеци се заканува дека ќе започне воена операција за протерување на курдските борци, коишто ги смета за терористи, од пограничниот регион, источно од реката Еуфрат.

Во меѓувреме, курдските борци, кои неколку години беа поддржувани од САД во борбите против милитантите на Исламска држава, го обвинија Вашингтон за непочитување на своите обврски кон клучните сојузници, додавајќи дека таквиот чекор ќе се одрази врз петгодишното сојузништво.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...