Американската амбасада во Приштина го критикуваше фактот дека на изборните листи на некои партии во Косово има и лица кои имаат проблеми со законот.

„Како можат граѓаните сериозно да ја сфатат изразената посветеност на политичките партии за владеење на правото во Косово, кога на листите на многу партии има лица со обвиненија, пресуди за дела како што се воени злосторства и напади, како и со меѓународни санкции, случаи со воени злосторства и корупција“, стои на Фејсбук страницата на амбасадата на САД.

Предвремените избори на Косово се закажани за 6 октомври.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...