Американското министерство за правда побара да се задржи ирански танкер откако Гибралтар се откажа од отворање постапка против екипажот на товарниот брод „Грејс-1“, запленет во јули, кај брегот на Гибралтар, под сомнение дека превезува нафта за Сирија.

„Американското министерство за правда поднесе барање за заплена на танкерот врз основа на многубројни обвиненија чие разгледување е во тек. Предметот ќе се врати во Врховниот суд на Гибралтар“, се наведува во соопштението од владата.

Гибралтар е британска прекуморска територија сместена на најјужната точка од Пиринејскиот полуостров.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...