Обвинителката Вилма Русковска побара, а судот ги затвори вратите за новинарите и јавноста во „Рекет“. Разговорите кои во обвинителството ги предаде веќе осудениот Зоран Милевски – Кичеец ги слушнаа само судиите. Иако Катица Јанева и Бок 13 бараа јавноста да остане, Русковска инсистираше судницата да се испразни. Во разговорите се споменувале луѓе на кои можело да им биде нарушен угледот. Содржината на УСБ – то на Кичеец остана тајна.

Обвинителката вчера посочи дека овие докази ќе се објават јавно за да се спречат шпекулации. Но, денеска Русковска се премисли. Побара судот да го заштити угледот на луѓето кои се споменуваат во разговорите. Адвокатите на обвинетите, изненадени од постапката на Русковска. Не кажаа дали разговорите на Кичеец откриваат имиња на политичари.

„И од страна на јавниот обвинител беше кажано дека во интерес на јавноста ќе бидат презентирани, но денеска реши да побара исклучување на јавноста“, рече Дељо Кадиев, адвокат на Катица Јанева.

„Вчера се одлучи дека за интерес и за да нема шпекулации ќе се преслушаат и овие материјали, но јавно. Денеска имаме потполно нова ситуација за заштита на интересите“, рече Сашо Дуковски, адвокат на Боки.

Кога започна „Рекет“ судијката Васка Николовска – Масевска рече дека јавноста е важен дел од процесот и оти поради високиот степен на интерес, јавноста треба да биде навремено и точно информирана за сè. Но денеска, со спротивен став. На инсистирање на обвинетите новинарите да ги чујат разговорите, судијата рече дека целта на судењето е да се убедат судиите, а не јавноста дали има или нема дело. „Рекет“ продолжува во четврток.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...