Обвинителката Вилма Русковска изјави дека е судија на претходна постапка е оставен да одлучува за барањето за притвор за потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ.

За пратеничката Фросина Ременски, како и за другите осомничени во проширената истрага од предметот Рекет, рече дека се барани само мерки за претпазливост: одземање на пасош, забрана за напуштање на престојувалиште, и еднаш неделно да се јавуваат во судот. Најави дека другите осомничени утре ќе дојдат да дадат исказ во судот.


Еден осомничен од „Рекет“ побарал да се спогоди со Обвинителството

Обвинителката Вилма Русковска вечерва изјави дека еден од осомничените во случајот „Рекет“ побарал спогодба со Обвинителството.

-Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осмничените за спогодба, не се поднесе званично барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде. Еден осомничен побара спогодба за обвинението кое ќе биде поднесено утре, рече Русковска.

Таа додаде дека за сите осомничени во „Рекет“ ќе се бара продолжување на мерката притвор.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...